| четврток, 6 декември 2018 |

Во Италија проневерени 5 милијарди евра само од социјалната заштита

Пет милијарди евра биле проневерени само од социјалната заштита

italИталијанскиот буџет е оштетен за пет милијарди евра минатата година поради злоупотреба на социјалната заштита, како што се лажна пензија, работа на црно и фалсификување податоци при барање социјална помош, соопшти италијанската финансиска полиција.

Борбата, против паразитските позиции во општеството и проневерувањето на државни средства, на Владата на Марио Монти покажа резултати, а 22.000 кривични пријави се поднесени против лажни пензионери, инвалиди и социјално загрозени лица, се наведува во денеска објавеното соопштение на италијанската финансиска полиција, пренесува Танјуг.

Истрагата покажува дека 3.556 лица незаконски користеле социјални бенефиции, како што се намалени тарифи при плаќање градинки или школарина, несоодветно одбрена домашна грижа за болни во 1.047 случаи, како и 3.297 лажно пријавени земјоделци и 395 семејства кои продолжиле да примаат пензија по смртта на осигуреникот.

Регистрирани се 1.274 вработени во јавни служби, кои извршуваат дополнителни работи на црно.

Според проценките државниот буџет на Италија е оштетен, освен за пет милијарди евра поради фалсификување на социјални осигуреници и за дополнителни 1,1 милијарда евра поради проневера на општинско и државно ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top