| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжен домашниот притвор за Паско Кузман

pasko kuzman 1

Паско Кузман останува уште еден месец во куќен притвор, останатите притворени во „Фаланга 2“ остануваат во Шутка.

Кривичниот суд во Скопје денеска донел одлука да им го продолжи престојот во притвор уште еден месец , најголемиот број обвинети, петти месец по ред.

Адвокатот на Кузман сѐ уште не добил одговор на барањето Паско Кузман да се брани од слобода со понудена гаранција во недвижен имот. Наскоро се очекува да почне судењето за „Фаланга 2“.

Обвинителството за организиран криминал пред две недели покрена обвинение против 16-мината. Кузман се товари за злоупотреба на службената положба, односно дека спротивно на законот издал согласност на приватни лица за ископување на две локации.

Останатите обвинети кои во мај беа приведени, се сомничат дека вршеле илегални ископувања и одземале археолошки предмети од непроценлива вредност, кои потоа ги продавале во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top