Државна лотарија на Македонија се вклучи во одбележувањето на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Eкипата отпатува во Берово, каде што вој празник е градска слава, за да биде дел од прекрасната празнична атмосфера. Прославувањето на христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица, и овојпат успеа да ги собере верниците од речиси цела Македонија на едно место, во дворот на црквата на беровскиот манастир, посветен на мајката Божја, Богородица. Верниците палеа свеќи, се молеа, но си посакуваа и убави желби.
Празничното одбележување на овој голем христијански празник, тимот на Држвна лотарија на Македонија го реализираше со прекрасно дружење со играчите на игрите на среќа. Тие и на овој убав ден имаа можност да ги испробаат своите желби за добивки. Некои од нив се реализираа на само место. Една од нив беше премијата од 25 илјади денари, изгребана во инстант лотарија „Твингоманија 2“.
На овој начин, под мотото „За добро“, Државна лотарија на Македонија продолжува да се доближува до своите среќни играчи, нудејќи им убава забава, дружење, но и многу можности за помали или поголеми добивки, како и други пригодни изненадувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


