| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Растот на индустриското производство е позитивен показател

gruevskiПремиерот Никола Груевски оцени дека растот на индустриското производство во јули за 3,9 проценти и за 2,2 процента во првите шест месеци од годинава е позитивен показател, при тоа најавувајќи дека како Влада ќе продолжат со активности кои ќе резултираат со позитивни движења во економијата.

– Тоа се позитивни податоци и движења и како Влада ќе продолжиме да правиме сè што е во наша моќ, да привлечеме што повеќе домашни и странски инвестиции. Тоа е возможно со повеќе активности во креирањето поволна бизнис-клима преку менување и спроведување закони кои се во интерес на бизнисот, со промоција на земјата пред странските инвеститори, како и со решавањето на многуте проблеми на бизнисмените, активност што предвидува постојана комуникација меѓу Владата и компаниите. Тоа е она што предвидува постојан напредок – изјави Груевски.

celicna-industrija1-(1)Тој додаде дека е добро што македонската економија бележи позитивни движења во време кога земјите од Европската унија сè уште ги чувствуваат последиците од кризата.

– Посебно ми е драго тоа што Македонија почнува да има позитивни движења во време кога сè уште Европската унија е во сериозна криза. Тоа не значи дека таа кај нас не се чувствува, меѓутоа, почнуваат одредени позитивни движења кои нè охрабруваат да продолжиме со нашите активности за тие да се зајакнат и во иднина – нагласи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top