| четврток, 6 декември 2018 |

Самохраните родители на деца со пречки во развој ќе добиваат 6 илјади денари месечно од државата

dime spasov deca

На самохраните родители на деца со пречки во развој ќе им се зголеми паричната помош за 50 проценти.

Двесте и шеесет самохрани родители на деца со пречки во развојот ќе добијат зголемување на паричната помош во висина од 50 проценти на онаа што досега ја земаа, ова денеска на прес-конференција го кажа министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

– Самохраните родители на деца со пречки во развој, кои досега добивале по 4.280 денари, од почетокот на 2014 година ќе земаат по 6.420 денари – рече Спасов.

За буџетот за 2014 година ќе се обезбедат дополнителни средства во висина од 6.676.000 денари, а за реализација на оваа предлог-мерка следи измена во Законот за заштита на децата што ќе биде доставена до Владата до крајот на септември, што потоа ќе биде доставен до Собранието на Македонија. Спасов вели дека не ја исклучува можноста и во иднина да произлезат дополнителни мерки за поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top