| четврток, 6 декември 2018 |

Волерс: Усвојувањето на Извештајот е чекор напред

volers modaУсвојувањето на извештајот од ад хок комисијата е чекор напред кон ЕУ, оцени американскиот амбасадорот Пол Волерс.

– Иако САД не е членка на ЕУ, ова е многу значајно за натамошен напредок кон Унијата. Постојат и други прашања што треба да се решат, како Законот за медиуми и Избирачкиот список, кои се посочени како важни од страна на ЕУ, но мислам дека ова беше чекор напред и задоволен сум што е дојдено до решение за ова прашање. Политиката продолжува и, како што знаете, постојано има нови проблеми и теми кои на долг рок треба да се решаваат. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во октомври, ноември и во иднина, но ова беше навистина добар чекор напред – нагласи Волерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top