| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Во работната група нема и не би требало да има проблеми

gruevskiРаботната група ќе се занимава само со препораките и заклучоците за кои има согласност од двете страни. Нема да се занимаваме со правните квалификации на извештајот, изјави премиерот Никола Груевски, на прашање дали постојат контрадикции меѓу тоа што Илија Димовски кажал дека не ги прифаќа правните квалификации, а е поставен за претседател на работната група која треба да ги имплементира препораките од извештајот.

Груевски додаде дека во работната група нема и не би требало да има проблеми.

На координација кај претседателот на Собранието учествуваа координаторите на сите пратенички групи, освен од ДПА, и потпретседателите на Парламентот, а за претседател на работната група беше избран Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој, по потпишувањето на извештајот на Комисијата за 24 декември, изјави дека сериозно ќе се посветат на спроведување на препораките, посочувајќи дека со истото, според него, треба да се почне веднаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top