| четврток, 6 декември 2018 |

Нимиц ги чека преговарачите со нов пакет идеи

Координатор за името на грчка страна е поранешната амбасадорка во Скопје Александра Пападопулу

 

Амбасадорот Јолевски и грчкиот преговарач Василакис имаат прецизни насоки во кој правец ќе ги водат најновите разговори во Њујорк.

Грчкиот претставник во Америка заминал  по предходна средба во грчкото МНР каде што меѓу другите присуствувала и поранешната Амбасадорка на Грција во Скопје, Александра Пападопулу.

Извори во Атина тврдат дека  по повлекувањето од амбасадорската позиција во Македонија таа е неформален координатор на преговорите на грчка страна.

Во процесот на преговори пападопулу беше инволвирана и во времето кога беше амбасадор на Грција во ОН пред доаѓањето во Скопје.

Медијаторот Нимиц и овој пат преговорите ќе ги започне со индивидуални разговори со некој од преговарачите  за тие да кулминираат задутре со заедничка средба на која ќе се прецизираат евентуалните договорени прашања.

Меѓу тет а тет и задничката средба не се исклучуваат и други консултативни средби на кои што медијаторот ќе пегла дел од идеите ставени на маса.

Според последните неофицијални информации од САД во периодот од неговата последна посета на Атина и Скопје пред две недели медијаторот веќе подготвил нов пакет на решенија за различни прашања кои ќе ги претстави пред Јолевски и Василакис.

Новиот пакет се базира на сугестиите што Нимиц ги добил од Грчката и македонската влада а кои во некои делови оставаат простор за брз напредок.

Сепак според познавачи на спорот  решението на грчко македонскиот проблем кој трае повеќе од 20 години ќе биде тешко доколку Грција не прекине со барањето за ерга омнес што би значело дека евентуалното ново име за меѓународна употреба на што инсистира Македонија мора да се употребува во сите меѓународни институции и билатерално но и внатре во земјата. Засега грчката страна не покажала било каква желба да се откаже од оваа позиција за која на југ од Македонија има национален консензус.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top