| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка „се дави“ во игри на среќа

ceskaОколу 42.000 Чеси се зависни од автомати за игри на среќа, јавува МИА. На тоа се додаваат и околу 350 потенцијални нови зависници. Во Чешка функционираат повеќе од 70.000 технички уреди за игри на среќа, што значи дека на 1.000 жители има 7.500 апарати.

– Чешка е земја на ЕУ каде што понудата за игри на среќа е најзастапена и ние ја држиме врвната позиција на светско ниво. Тоа е поврзано со многу здравствени и социјални последици, кои го оптоваруваат општеството, поединците и нивните семејства – изјави координаторот на центарот за набљудување, Јондрих Воборил.

Најновата Уредба за регулирање на игрите за среќа предвидува во Прага да се намалат местата каде што се играат овие игри, од 650 на 340. Ќе бидат донесени забрани за сместување автомати во рестораните, како и забрани за ставање реклами над локалите. Иако Прага со новите ограничувања ќе загуби неколку милиони евра годишно, за такви мерки размислуваат и локалните власти на други општини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top