| четврток, 6 декември 2018 |

Илија Димовски го предводи тимот за спроведување на извештајот за 24 декември

координацијаРаботната група за спроведување на извештајот за ад хок комисијата за 24 декември ќе ја предводи Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, а останатите членови се неговата колешка од комисијата Благородна Дулиќ, додека од СДСМ ќе учествуваат пратениците Игор Ивановски и Цветанка Иванова. ДУИ ќе ја претставува Еџати Јакупи, додека ДПА не учествуваше на денешната координација кај претседателот на Собранието и не даде свој член.

На едночасовната средба учествуваа координаторите на пратенички групи и потпретседателите на Парламентот, а присутни беа и министерот Иво Ивановски, како претставник од Владата, и Питер ван Хаус чии консултантски услуги беа користени при заседавањето на експертската комисија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top