
Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за внесување на 1.250 парчиња непријавена ловечка муниција.
Грчки државјанин, придружуван од двајца сопатници, звчера при обид за влез во државава пријавил кај цариниците 1.200 парчиња муниција и 4 парчиња ловечки пушки, за кои поседува одобрение за увоз издадено од Минисерството за внатрешни работи на Р.Македонија.
Поради сомневање во одговорот, цариниците спровелке детална контрола на возилото при што во патничка торба и кутија за храна, пронашле уште 1.250 парчиња непријавена 12мм калибарска ловечка муниција за која сопственикот, возачот на патничкото моторно возило, не поседувал одобрение од МВР.
Вредноста на муницијата се проценува на околу 25 илјади денари, при што се избегнати царински давачки во износ од 12 илјади денари.
Муницијата е привремено задржана, а против прекршителот, Царинската управа поведе прекршочна постапка согласно Царинскиот Закон.
Во последните седум дена, цариниците на граничниот премин Богородица спречија три обиди за нелегално внесување на ловечка муниција од страна на грчки државјани, при што се запленети вкупно 2.203 парчиња муниција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


