„The New York times“ објавува едка оваа нова закана го кради вашиот профилв на Фејсбук и вашиот веб пребарувач, според италијанските безбедносни истражувачи кои го истражуваат овој проблем.
Вирусот се појавува како линк во е-маил или порака на Фејсбук и ви вели дека некој ве тагнал на пост на Фејсбук. Кога одите на Фејсбук и го кликнувате линкот, тој ве носи на различна веб страна која ви вели да спуштите дополнување за вашиот веб пребарувач, за да можете да го гледате видеото.
Откако ќе го спуштите дополнувањето, тоа може да добие пристап до се што сте зачувале на вашиот пребарувач, вклучувајќи ги и вашите профили и сметки, како и зачуваните лозинки.
Ова е вистинска закана особено затоа што голем број на луѓе ги зачувуваат нивните лозинки од неколку различни мрежи во нивните веб пребарувачи.
Истражувачите велат дека вирусот се шири со брзина од 40.000 напади на час и има заразено повеќе од 800.000 луѓе преку „Chrome“ пребарувачот.
„Google“ е свесен за нападот и веќе ги има блокирано екстензиите преку кои може да се случи нападот. Фејсбук исто така го откри вирусот и моментално ги чисти линковите.
Портпаролот на Фејсбук вели дека моментално се обидува да ги спречи луѓето да не го кликнат линкот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



