Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН не постигнаа договор на вчерашната затворена седница по предлог-резолуцијата на Велика Британија, со која би се дозволила воена интервенција врз Сирија.
Доколку документот биде ставен на гласање, Русија и Кина речиси сигурно ќе стават вето. Овие две земји и претходно ги блокираа обидите за санкционирање на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
– Не гледаме напредок имајќи го предвид постојаното спротивставување на Русија на секоја значајна акција на Советот за безбедност – изјави заменик-портпаролот на Стејт департментот, Мери Харф.
Таа додаде дека акциите на Русија, кој е главен снабдувач на Сирија со оружје, вклучувајќи го и ветото на трите претходни резолуции против сирискиот режим, доведуваат во прашање дали СБ е вистинското место за да се реши двегодишниот конфликт во Сирија.
Истовремено, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Велика Британија, која ја поднесе предлог-резолуцијата, не треба да го разгледува овој документ како одговор на наводната употреба на хемиско оружје во Сирија пред инспекторите на ОН да ја извршат истрагата на терен.
Претставниците на Русија и Кина вчера ја напуштија седницата на Советот откако американската претставничка Саманта Пауер повикала на „итна интервенција“ против Сирија.
По повеќечасовниот состанок на амбасадорите во седиштето на ОН, предлог-резолуцијата им е вратен на владите на нивните земји на консултации, изјави неименуван западен дипломат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!



