| четврток, 6 декември 2018 |

Лозано: Се надевав дека Савка ќе освои награда на Мис на Македонија

lozano i savka

 

Поп-пејачот Влатко Лозаноски Лозано е горд што неговата девојка освои награда на годинешниот избор на Мис на Македонија што се одржа во летниот клуб „Привилеџ“ во Скопје.

savka2 savka

Убавата Савка Грачанин (22) од Валандово беше прогласена за втора придружничка на Мис на Македонија, со што ги оправда неговите очекувања.

–  По­тај­но се надевав дека Савка ќе освои награда на Мис на Македонија. Има што да покаже – вели Лозано за „Вест“.

Лозано и Савка се во неколкугодишна врска, а љубовта меѓу нив се роди за време на снимањето на првиот спот на Лозано за песната „Обичен без тебе“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top