| четврток, 6 декември 2018 |

Мртвилото на музичката сцена ќе биде разбиено од нова песна на Златко Ориѓански

Од понеделник љубителите на добра музика ќе имаат можност да ја слушнат новата песна на Златко Ориѓански.

Новиот проект на едно од најголемите музички имиња во земјава се вика „Не плачи“ а самиот е автор на музиката и текстот.

Песната е работена е за потребите на документарниот филм на кој работи младиот македонски режисер Илија Пиперковски кој е Охриѓанец а режија завршил во Романија.

Во текот на Септември се очекува Ориѓански да објави уште една нумера насловена како „Барок Рококо“ а вомоментов работи и на музика за новата претстава на Унковски „Пламени јазици“ по текст на Горан Стефановски која ќе биде поставена во Драмскиот театар.

Ориѓански не сака да зборува за своите нови песни и за „Република“ вели дека тие сами ќе си го најдат патот до слушателите .

Фотографијата е снимена во атељето на сликарот Петар Попчев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top