Амбасадорите на државите членки на Советот за безбедност зад затворени врати не постигнаа договор за Резолуцијата со која би се дозволила употреба на сила против Сирија и со која се осудува хемискиот напад извршен на 21 август во близина на Дамаск, а за кој официјален Вашингтон, Лондон и Париз сметаат дека е одговорен сирискиот претседател Башар ал Асад.
Британскиот министер за надворешни работи Вилијем Хејг излезе со оценка дека дискусијата во ОН за предлог резолуцијата за Сирија ќе биде продолжена во наредните денови, но дополнил дека треба да се делува без одлагање, дури и ако текстот биде одбиен.
– Најдобро е во ОН да бидат единствен, иако тоа изгледа малку веројатно со оглед дека Русија и Кина претходно вложија вето, но мораме да се обидеме. Мораме да реагираме и без резолуција, изјавил тој пред новинарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!