Сирискиот заменик шеф на дипломатијата Фаисал Макдад рече дека САД, Велика Британија и Франција им помогнале на терористите во употребата на хемиско оружје во Сирија и дека истите групи ќе го употребат против Европа, пренесува Ројтерс. Тој на новинарите во Дамаск им рекол дека на инспекторите од ОН им претставил докази дека „вооружените терористички групи“ употребиле сарин на местатакаде според него, наводно се случил нападот од сириските сили.
-Повторуваме дека терористичките групи се тие кои употребија хемиско оружје со помош на САД, Велика Британија и Франција и дека тоа мора да престане. Тоа значи дека ова хемиско оружје наскоро ќе биде употребено против европските народи, порача сириската дипломатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


