| четврток, 6 декември 2018 |

Меморандумот за ЕУ- интеграции наскоро во Парламентот

DSC_3102Согласно мартовскиот договор ВМРО-ДПМНЕ изработила меморандум кој ќе го прати во Парламентот за поддршка на евроатлантските интеграции, изјави премиерот Никола Груевски во Прилеп. Меморандумот утре или задутре ВМРО-ДПМНЕ ќе се достави во собраниска процедура, ќе биде ново декларирање на непопречувањето на патот кон Европската унија.

– Тој меморандум веќе го имавме во една претходна фаза уште пред локалните избори, а го имаа видено претставниците на СДСМ и се имаа согласено со содржината во него. Затоа не очекувам некакви проблеми. Целта е не само да се потврди нашата заложба и на сите парламентарни партии, туку и, на некој начин, да се изрази подготвеност за во иднина да нема попречување на тој пат бидејќи честопати случајно или не, се соочуваме со попречувања на тој пат. Кога велам непопречувањето, мислам попречувањето на самите себе, а не за другите попречувања, додаде Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top