Силвио Берлускови најави дека ќе поднесе тужба на Европскиот суд за човекови права во Стразбур заради судската пресуда со која беше осуден на четири години затвор заради затајување на данок.
Поранешиот италијански премиер со писмо го информираше за оваа одлука одборот на италијанскиот сенат кој идната недела треба да расправа за негово исфрлање од парламентот бидејќи беше осуден на четири години затвор.
Претседателот на одборот, сенаторот Дарио Стефано изјави дека Берлускони најавил дека ќе се жали во Стразбург заради кршење на членот седум од европската конвенција за човекови права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


