| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштен патот до Трескавец (фото)

DSC_3290Премиерот Никола Груевски денес свечено го пушти во употреба патот до манастирот Трескавец.DSC_3235

Тој таму запали свеќа за здравје, разговараше со свештените лица и со граѓаните.DSC_3330

Новоизградениот пат од Прилеп до манастирот „Трескавец“ е во должина од 7,5 километри, за кого Владата од Буџетот инвестираше 83 милиони денари или 1.400.000 евра.DSC_2993

-Со неговата изградба Прилеп ќе стане уште поатрактивна локација која ќе овозможи развој на манастирскиот, но и други видови алтернативен туризам, а дополнително со обновата на конаците се очекува годишна посета од над 50.000 туристи тука во овој манастир, рече Груевски.DSC_3346

Со реализацијата на овој проект, како што додаде,  потврдивме оти изградбата и реконструкцијата на патиштата останува еден од врвните приоритети на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top