Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски за утре закажа координативен состанок со потпретседателите на Парламентот и со коориднаторите на пратеничките групи на која ќе се основа работна група за имплементација на Извештајот на Комисијата за испитување на настаните од 24 декември. Имплементацијата на Извештајот и на 11-те препораки претставува обврска на Собранието. Состанокот е закажан за 11 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.