Италија побара евентуалниот воен напад врз Сирија поради користење на хемиско оружје да биде со дозвола од Советот за безбедност на Обединетите нации. Италијанската министерка за надворешни работи, Ема Бонино, потсети дека нападот со хемиско оружје е „воено злосторство“. Вели италијанската влада нема да поддржи воени дејствија без мандат на СБ и нема активно да учествува во нив.
Но, таа не посочи каков е ставот на италијанската влада за користењето на италијанските бази при евентуалната интервенција врз Сирија.
Италијанскиот премиер Енрико Лета во денешниот телефонски разговор со британскиот премиер Дејвид Камерон се согласи дека употребата на хемиско оружје во Сирија ја променило ситуацијата и оти тоа е недозволиво злосторство, што не може да биде толерирано од меѓународната заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.