Портпаролот на Белата куќа, Џејмс Карни потврди дека се бара правен аргумент за да се преземе воена акција против режимот на Башар ал Асад како одговор на нападот со хемиско оружје врз цивили. Тој нагласи дека целтана напад врз сирискиот режим нема да биде соборување на Ал Асад.
Белата куќа до крајот на неделата ќе достави официјален извештај до американското разузнавање за минатонеделниот хемиски напад во Сирија. Карни потсети дека претседателот на САД, Барак Обама сѐ уште не донел одлука за реакцијата на Вашингтон на нападот врз цивили од страна на сирискиот режим.
– Смената на режимот во Сирија не е меѓу разгледуваните можности. Станува збор за кршење на меѓународите правила, на забраната за употреба на хемиско оружје. Смената на сириското раководство треба да биде со политички преговори – посочи Карни.
Тој наведе дека Белата куќа подготвува и правна аргументација за преземање на воена операција против Сирија.
– Обама ги продолжува консултациите со претставници на националната безбедност и го разгледува проблемот со други држави и со ОН. Обама во последните денови телефонски разговараше со лидерите на Велика Британија, Франција, Канада и Австралија – истакна Карни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.