| четврток, 6 декември 2018 |

Поместен терминот за мечот Македонија-Велс

makedonija-fudbalМакедонската фудбалска селекција мечот против Велс ќе го започне во 19, наместо најавениот термин во 20 часот. Датумот 6 септември останува непроменет. Квалификацискиот натпревар според Фудбалската федерација на Македонија, е настапот на кошаркарска репрезентација Македонија, која ќе игра против селекцијата на Србија на на Европското првенство во Словенија, и тоа во терминот од 21 часот.

На овој начин ФФМ ќе овозможи, сите вљубеници во спортот во Македонија, да можат да ги проследат и двата натпревари на македонските селекции.

Дуелот на фудбалските репрезентации на Македонија и Велс, на 6 септември, ќе се игра на националната арена „Филип Втори“, а на 10 септември во Скопје ќе гостува селекцијата на Шкотска.

Натпреварот Македонија – Шкотска ќе се игра од 20 часот и 30 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top