По донесувањето на контроверзниот анти-геј закон, рускиот законодавец Михаил Дјегтјарјов, изјави дека сака да ја врати регулативата која се однесува на забрана за хомосексуалците за доброволно дарување крв.
Тој смета дека со оваа забрана би се придонело против ширење на вируси ХИВ, и покрај тоа што експертите тврдат дека мнозинството инфекции се случуваат или поради валкани игли или поради хетеросексуални односи.
Русија овој закон го укина пред неколку години, но слични забрани сѐ уште се на сила во многу други држави,вклучувајќи ги и САД, забележува „Раша тудеј„, која пак, не споменува дека американските функционери барале да се исфрли овој застарен закон.
Покрај забраната за давање крв, Дјегтјарјов вели дека државата за хомосексуалците подготвува бесплатна терапија за преобразување, која би им овозможила да се вратат на нормалниот живот и да станат хетеросексуалци. Тој додава дека лично нема ништо против геј парадите, додека тие се одржуваат навечер со слаба светлина и без звучници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


