Масовно труење на населението се случило во Беране, град на североистокот на Црна Гора, а досега заради симптоми со труење лекарска помош побарале дури 880 жители на тоа место.
Во последните 24 часа лекарска помош побарале повеќе од 200 пациенти со стомачни тегоби, додека на болничко лекување се 35 лица, од кои 28 деца.
Причините за масовното труење сè уште не се утврдени, а надлежните најавиле дека ќе бидат познати во следните два дена.
Се претпоставува дека причина за епидемијата која се појави кон крајот на минатата недела е водата од градскиот водовод. Водоводната мрежа пред неколку дена била пробиена при работи на патот Беране -Лубница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



