„Фајненшл тајмс“ пишува дека Кина сега се наоѓа во опасна ситуација пред голема должничка криза. Кинеската влада ги демантира написите на весникот.
Британскиот весник пишува дека Кина има комплетен долг од околу 200 проценти од вредноста на домашниот бруто-производ. „Фајненшл тајмс“ во својата статија пишува дека кинескиот долг сега е зголемен на илјади милијарди долари, што е околу два и пол пати повеќе од вредноста на годишниот БДП на земјата.
Во развиените земји како критична граница за државниот долг во поглед на нивото на долгот е поголем од 80 отсто од вредноста на БДП.
Меѓу земјите што од почетокот на глобалната кредитна криза беа во групата на високо ниво на долг беа САД, со долг поголем од сто проценти од БДП, потоа Италија, Грција, Јапонија, Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.