Промотивните активности на Државна лотарија на Македонија и ова лето се убав начин за забава и дружење со нашите играчи. Освен можностите да ги играат нашите игри на среќа, нашите играчи имаа можност и да добијат пригодни изненадувања – брендирани подароци. Најинтересно е тоа што се постигнаа помали и поголеми премии. Една од нив е автомобилот „поло“, добивка изгребана во инстант лотаријата „Среќни тркала“.
Под мотото „За добро“, тимот на Државна лотарија на Македонија се упати во Охрид, кон продажното место „Прагма трејд“, самото место од каде е купен добитниот инстант лоз. Охриѓани возбудено се собраа околу нас, топло поздравувајќи го својот сограѓанин, среќниот добитник кој на оваа убаво дружење ги доби клучевите на својот нов автомобил „поло“.
Сашо Трајчевски е младо момче, кое заедно со членовите на своето семејство е пасионарен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Покрај добитната грепка, тој купил уште неколку лоза. Интересно е што токму добитната грепка била последна на продавачката, а таа претходно сакала и самата да ја купи за себе, но случајно решила да му ја отстапи на Сашко. Тој, пак, не ја изгребал веднаш, туку тоа одлучил да го направи во својот дом. Четирите тркала симболично му откриле дека следниот автомобил „поло“ од втората серија „Среќни тркала“ е токму негов.
Инаку, ова е 16 од вкупно 20 автомобили „поло“, премии во инстант лотаријата „Среќни тркала“, што значи во игра се уште 4, како и бројни парични помали и поголеми добивки. За потсетување, досега се возат 4 автомобили „поло“ низ улиците во Скопје, по две во Гевгелија и Ресен, а едно во Гостивар, Куманово, Прилеп, Кавадарци, Македонски Брод, Битола, Кавадарци, Тетово и последно во Охрид.
Тајната на инстант лозот „Среќни тркала“ е во полето за гребење да откриете четири симболи на тркала. Во согласност со интересот на играчите за возилата од брендот „фолксваген“, втората серија на „Среќни тркала“ ја реализираме со „Порше Македонија“, кои се дел од успехот на овој инстант лоз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.