| четврток, 6 декември 2018 |

На македонското семејство му требаат минимум 500 евра да го преживее месецот

potrosuvacka

За да се прехрани и да ги плати сметките, на едно семејство во јули му биле потребни 32. 066 денари. Според пресметката на минималната синдикална кошница, најголем дел од парите или речиси 43 проценти се трошат за исхрана и за пијалаци, потоа речиси 32 отсто завршуваат за сметки (8.000 денари месечно), додека на трето место според учеството се превозот и хигиената за кои вкупно завршуваат 14 проценти од парите.

Во споредба со јули 2012 година, живеачката во јули годинава е поскапа за 1.030 денари.

Според последните статистички податоци, лани секое семејство на годишно ниво располагало со 328.444 денари или на месечно ниво со по 27.370 денари, сума која, според мерењата на ССМ, не може да ги задоволи основните месечни животни потреби на едно семејство.

И последниот извештај на Заводот за статистика покажува дека најголем дел од раположливите пари или 38,3% завршуваат за исхрана, потоа следува домувањето, струјата и горивата за кои се трошат 14,4 отсто од парите а за отплата на кредити и заеми завршуваат 3,6 проценти.

Анкетата на статистичарите (спроведена врз примерок од 2.919 демаќинства) покажала дека само 2,8% од семејствата можат во целост да ги задоволат основните животни потреби, додека дури 25,1 отсто воопшто не ги задоволуваат, а речиси 40 проценти, главно, не можат да ги задоволат основните месечни животни потреби.

Дури 54,1 отсто од анкетираните сметаат дека им се потребни повеќе од 30.000 денари месечно за да живеат норамално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top