| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е ќерката на Балотели што тој не ја призна и не ја видел

Ќерката на Марио Балотели , која тој   не ја призна како свое дете  и уште не ја видел, се покажа вистинска копија на напаѓачот на Милан . Неговата поранешна партнерка Рафаела Фико учествуваше  во една нова фотосесија со 8-месечната Пиа за списанието “Gente” и на фотографиите се гледа огромната сличност  помеѓу бебето и италијанскиот репрезентативец. Впечаток направи и избричената кадрава косичка на малата, а во интервјуто на страниците на весникот, Рафаела вели дека тоа го направила поради големите горештини во текот на летото. “Со оваа глава сега имам СуперПиа” – се пошегува мајката. Рафаела изјави  уште дека веќе целосно ја  затворила страницата наречена Марио Балотели. “За мене тој е веќе минато. Му дадов неколку пати можност  да се запознаат со неговата  ќерка, но тој никогаш не се појави. Ова покажува дека не е заинтересиран” – изјави категорично убавицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top