| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе стане ли во Хрватска повикот за обнова на Југославија кривично дело?

Претседателот на ХДЗ, Андрија Микулиќ денеска запраша: кога во Хрватска повикот за обнова на Југославија ќе биде кривично дело, или барем противуставно?“ Тој го повика и градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ поради неучествување во обележувањето на Европскиот ден на сеќавање на жртвите на сите тоталитарни и авторитарни режими, додека на обележувањето на Денот на балканската љубов носел беџ од Јосип Броз Тито.

-Можеби вистинска причина за неодбележувањето е тоа што на Бундек пред неколку дена беше одржана манифестацијата Ден на балканската љубов кога се величаше еден тоталитарниот режим и недвосмислено се повикувало на обнова на Југославија- констатирал тој.

Микулиќ рече дека пред три дена бројни делегации на градови, општината и жупаниите одале чест на жртвите на нацизмот, фашизмот и комунизмот, но дека Бандиќ не го виделе на тие собири. Тој додаде дека не сака Загреб да биде црна дупка на картата на Европа затоа што Загреб го велича тоталитаризмот, и ги праша жителите на Загреб дали кога го гласале Бандиќ, знаеле дека тој е поклоник на ликот и делото на Тито.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top