Мелничарите најавуваат намалување на цената на лебот до крајот на годинава. Услов, според Николчо Георгиев, е прво да се ослободат од огромните резерви на брашното во магицините, но и да произведат ново поевтино, по што ќе биде направена корекција на цените.
Од домашната реколта се откупени дури 90 отсто од родот по просечна цена од четиринаесетина денари за килограм. Но, сепак, ќе недостасуваат околу 150 илјади тони лебно зрно кои секоја година ги увезуваме. Токму со таа пченица производителите ќе прават математики како да испечат за некој денар поевтин леб бидејќи истата е далеку поквалитетна и со пониска цена од откупената.
Проблеми во математиките на пекарите може да им направи само нелојалната конкуренција од странство со евтиното брашно кое би се увезло пред домашните млинови да ги распродадат сопствените резерви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



