| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците од Албанија: Вратете ја МТВ

televizijaМакедонците од Албанија апелираат до институциите во Македонија да се најде решение за да можат да ја следат програмата на МТВ  како до пред дигитализацата. Тоа, велат, има голема улога во зачувување на македонскиот идентитет меѓу Македонците во Албанија и Грција.
– Ние со програмите на МТВ сме израснати, со Бушава азбука, народните приказни, Тврдокорни,  разните документарни емисии и македонските песни со кои се одржувал македонскиот дух меѓу Македонците во Албанија. Сигналот на МТВ можеше да се фати со обична антена во областите Мала Преспа, Голо Брдо, во с. Врбник, но и во градовите Корча, Поградец и Билишта. Исто така, сигналот на МТВ зрачеше и во Егејска Македонија, во градот Лерин и во селата во леринска околија – вели Васил Стерјовски, македонски активист во Албанија.

Според него, решение би било да дозволат МТВ да не ги исклучува репертиторите поставени во близина на границата со Албанија и Грција и да продолжи да се емитува аналогниот сигнал на МТВ. Се потенцира дека во двете соседни земји немаат право на македонски програми на националните телевизии во овие земји и се наоѓаат под притисок на асмилиција.
Според Стерјовски, уште во времето на комунизмот кога беше забрането гледање македонска телевизија, Македонците во Албанија ја гледаа тогашна Телевизија Скопје, поради што голем број Македонци биле казнувани и затворени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top