| четврток, 6 декември 2018 |

Норвежаните не сакаат во ЕУ

135522-oslo-norwayСамо 19 проценти од Норвежаните го поддржуваат зачленувањето на нивната земја во ЕУ. Резултатите на најновото испитување на јавното мислење што Институтот „Сентио“ го направи за норвешкиот весник „Натионен и класекампен“, покажуваат дека тенденцијата е распространета во цела држава и дека нема реон каде владее спротивно мислење, без разлика на возраста и образованието.

За разлика од нив, над половина од кандидатите за пратеници во Парламентот во Осло се приврзаници на зачленувањето во ЕУ. Парламентарните избори во Норвешка ќе се одржат во септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top