| четврток, 6 декември 2018 |

Најава за нова кралска свадба?

kralska snaaБританскиот принц Хари (28), според британските весници, е во врска со 24-годишната Кресида Бонас. Британското кралско семејство смета дека врската е сериозна и дека младата двојка се подготвува за свршувачка.

Хари и Кресида се во љубов од јуни лани, а гласините се засилија минатиот месец кога ја повел девојката на романтично сафари во Африка. Познато е дека во 2010 година истото го сторил и неговиот постар брат Вилијам, кој во таа пригода ја запросил Кејт.

– Кресида е онаа вистинската. Луѓето слушале како Хари за неа зборува како Крес е посебна, a дека споменува и свршувачка – велат неименувани извори.

kralska snaa1
Кресида Бонас неодамна дипломирала на конзерваториумот за музика и танц во Гринвич. Избегнува да биде забележана во јавноста, а младата двојка многу внимава да не бидат видени од папараци.

Принцот Хари пред Кресида имал само една сериозна врска, а го споменуваат со многу русокоси девојки, а една од најспоменуваните беше Флоренс Бруденел Брус, модел за долен облека со која прекинал во август 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top