Апликацијата наречена „Rastreador de Namorados“, која во меѓувреме беше тргната од веб-сајтот на Гугл Плеј, стана вистинска сензација во Бразил и беше преземена дури 50.000 пати.
Иако, исто како и останатите жители на планетата, не беа воодушевени од сознанието дека се под надзор на американските тајни служби, Бразилците со големо задоволство ја прифатија апликацијата „Rastreador de Namorados“, која се рекламира како приватен иследник во џебот на вашиот партнер.
Апликацијата накратко се најде и во понудата на „Гугл плеј“ нудејќи им помош на сите што сакаа да го следат движењето на нивниот партнер, да примаат копии од пораките испратени од мобилниот телефон на партнерот, па дури и да му ги прислушуваат разговорите.
„Таткото“ на апликацијата Матеус Гријо(24) вели дека таа е создадена како резултат на една шега меѓу него и неговата девојка, но и дека набрзо станала вистински хит. Таа е бесплатна, но потребно е да се платат два долари за иконата на апликацијата да не се гледа на мобилниот телефон на партнерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст