Сирискиот претседател Башар ал Асад ги предупреди САД да не преземаат воена акција против неговата земја поради обвинувањата дека неговата влада употребила хемиско оружје против бунтовниците.
Асад преку рускиот весник „Известија“ им порача на Американците:
– САД ги чека неуспех како и во сите други војни кои ги почнаа, почнувајќи од Виетнам, па сѐ до денес – изјави Асад.
Асад тврди дека во близина на местото каде што бил извршен нападот со хемиско оружје биле лоцирани негови војници.
– Дали некој би употребил хемиско оружје или какво било друго оружје за масовно уништување во област каде што се сместени негови војници? Светот оди спроти елементарна логика – вели Асад за „Известија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!