| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени над 100 учесници на протестите во Чешка

За време навчерашните антиромски протести, кои се одржаа во осум градови во Чешка, уапсено е 101 лице.

Најголеми проблеми имало во градот Острава, каде се задржани 62 демонстранти, кои уништувале полициски и цивилни автомобили, како и дел од околните домови, а притоа биле повредени над 20 полицајци и четворица демонстранти, јави дописникот на МИА од Прага.

Во градот Плзењ, мнозинството од уапсените 29 луѓе, учествувале во антирасистичките демонстрации кои се спротивставија на антиромските походи.

Во антиромските демонстрации во неколкуте градови во Чешка учествувале околу 1.500 неонацисти.
На контра-акциите кои во некои градови беа организирани против расизмот и насилството, имало околу 1.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top