| четврток, 6 декември 2018 |

Сирија ги обвини САД дека се вмешани во хемискиот напад

 

sirija sad hemiski

Сириската државна телевизија вчера објави репортажа во која се прикажани војници кои наводно пронашле траги од бојни отрови за кои се тврди дека со нив е извршен хемискиот напад во кој загинаа 1300 цивили.

sad sirija hemiski napad

Оваа емисија поттикна различни теории во медиумите за наводна вмешаност на САД во нападот затоа што биле прикажани пакети на кои пишувало „made in USA“ што упатува на сомневање дека пакетите со отрови стигнале од Америка. Тамошната телевизија тврди дека материјалите прикажани на снимките се употребиле за изработка на хемиското оружје користено во нападот. Овие снимки сириските медиуми ги искористиле жестоко да ги нападнат САД обвинувајќи ги дека директно се мешаат во судирот и планираат воен удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top