Премиерот на Нов Зеланд Џон Ки се најде среде скандал откако во медиумите се појавија фотографии од неговата ќерка Стефани кои се користени како промотивен материјал за Paris Design Week.
Фотографиите ги изработила самата Стефани, која студирала фотографија во Париз, а за промоција на неделата на дизајнот 20 годишната девојка позира гола.
Иако Париз во овие фотографии препознава уметност, странските медиуми гледаат скандал затоа што Стефани се појавува во еротски пози кои се оценети како бизарни затоа што позира гола со октопод и со помфрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.