| четврток, 6 декември 2018 |

Грците бесни дека Атланта Хоукс и ги честита успесите на Македонија

FYROM vs Lithuania

 

Поразот од Македонија, Грците очигледно уште долго нема да можат да го преболат. Провокациите и навредите, и мешањето политика во спортот продолжува и денеска на социјалните мрежи. Официјалната фејсбук страна на Атланта Хоукс стана мегдан каде што се води жестока битка за името Македонија. Атмосферата дополнително ја загреаја администраторите на фан страната на новиот клуб на Перо Антиќ кои вчера и завчера му ги честитаа победите на нивниот нов член именувајќи ја државава како Македонија.

atlanta hawks fb pero antic

Многу Грци реагираа на потегот на Атланта и бараа да го избришат името Македонија, а на негово место да се напише ФИРОМ, по што следуваше жестока реакција од стотици Македонци.

vojna za ime atlanta hawks

Препирките меѓу македонските и грчките фанови на клубот почнаа завчера откако Македонија ја совлада Грција на турнирот во Улм, Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top