Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски како невистини ги оцени информациите дека во преговорите во ад-хок Комисијата за случувањата од 24 декември прифатиле одговорност за кршење на Уставот при отстранувањето на пратениците од собраниската сала.
– Не е точно дека сме прифатиле одговорност за уставно прекршување од наша страна со изнесувањето на пратениците. Таквите информации се веројатно со цел за решавање на внатрешните струи во СДСМ, за да се покаже дека ете тие што преговарале се грижеле за пратениците, па нешто измислувале. Не гледам друга причина заради тоа, истакна Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии