Британи Гибонс, откако родила три деца ја зафатило чувство на несигурност и незадоволство од тоа како изгледа, што и ја нарушило самодовербата, па си препишала необична терапија. Иницијална каписла била изјават на сопругот дека со години не ја видел гола. Се замислувала како грозна во кревет, па постојано смислувала изговори за да нема секс.
Затоа си дала задача да има секс секој ден преку цела година за да го обнови сексуалниот живот.
-За мене цела година секс значи запирање на негативното размислување за своето тело кога сум гола. Со време, место обврска, сексот станува очекуван дел од денот, објаснува таа.
-Не е битен односот, туку што се случува околу него. На крај, можам да бидам гола покрај мажот, да разговараме без срам. Тој тоа го заслужува, двајцата го заслужуваме, вели таа за британскиот Дејли меил.
Ако нејзе и помогнало, можеби сега истата терапија ќе помогне и на други жени со сличен проблем како нејзиниот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


