Радикалните чешки националисти протестирале во повеќе градови против Ромите, а во Острава се судриле со полицијата. Околу 600 екстремисти по краткиот митинг тргнале во поход. Се упатиле кон местото каде протестирала група Роми против антиромски собирања.
Екстремистите со камења и шишиња фрлале кон зградата во која живеат Роми, а потоа со мотки и камења се обиделе да влезат во регионот населен претежно со жители од ромско потекло. Кордон полицајци ги спречиле во нивните намери а кон нив биле фрлани петарди, камења и шишиња. Полицијата интервенирала и со солзавец. Биле приведени 20 екстремисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


