| четврток, 6 декември 2018 |

Сирија: кој поседува хемиско оружје?

sirija decaСириските медиуми јавуваат дека армијата пронашла хемиско оружје во складишта на оружениот отпор. Сириски војници влегле во бунтовнички тунели во Џобар, предградие на Дамаск, каде нашле хемиски супстанци, при што некои од војници се задушиле, јавува сириската државна телевизија Во реонот владините сили водат борби со „вооружени терористички групи“, кои претходно таму употребија хемиско оружје, објави официјалната агенција Сана. Според агенцијата на контејнерите со хемикалии пишувало „Произведено во Саудиска Арабија“, како и големи количества маски и лекови кои се користат при изложеност на отровни гасови. Тие биле произведени од заедничка фармацевтска компанија меѓу Катар и Германија, се наведува во соопштението на агенцијата, пренесува ИТАР-ТАСС.

Сириската опозиција претходно ги обвини силите на претседателот Асад дека извршиле напади со хемиско оружје во Џобар и други предградија на Дамаск при што загинаа стотици луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top