Американските поморски сили пловат во правец на Сирија додека претседателот на САД Барак Обама ги разгледува можностите за воена интервенција поради употребата на хемиско оружје во пресметката со воените бунтовници
Агенциите пренесоа дека Четвртата флота е испратена во источен Медитеран.
Оваа флота е оспособена за различни воени дејства, гаѓање со крстосувачки проектили „томахавк“, што беше применето и во интервенцијата против силите на Моамер ел Гадафи во текот на граѓанската војна во Либија во 2011 година.
Флотата не добила наредба за напад.
Обама изјавил дека брзата интервенција во Сирија би било проблематично поради претходните чекори што треба да бидат преземени од меѓународната заедница.
Од Белата куќа беше соопштено дека Обама денеска треба да се сретне со своите советници за национална безбедност и да ги разгледаат следните чекори на САД во врска со кризата во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


