| четврток, 6 декември 2018 |

Јованка Броз метастазирала?!

jovankatitovilleКлиничкиот центар во Србија соопштил дека по интензивната терапија и нега, кои се применети вчера и во текот на ноќта, дошло до благо подобрување на свеста на вдовицата на бившиот претседател на СФРЈ Јованка Броз, но таа и понатаму е хемодинамски нестабилна.

Според српски „Блиц“, лекарите констатирале дека вдовицата на Тито има рак, што покажала и раната на дојката, но се уште не утврдиле дали карциномот прво се појавил на градите или тука само метастазирал.

– Јованка е оперирана, а дополнителните анализи ќе покажат колку карциномот земал замав. Во секој случај, нејзиното здравје е многу запуштено и тешко може да се каже дали може да се извлече – рекол добро информиран соговорник за „Блиц“.

Во соопштението се наведува дека Јованка Броз е под константен, интензивен лекарски надзор и оти нејзината состојба детално се следи и се применуваат мерки кои се вообичаена процедура кај вакви состојби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top