| четврток, 6 декември 2018 |

Лука Тони му пресуди на Милан на премиерата во Серија А

Ветеранот Лука Тони играше како во најдобрите денови и е најзаслужен за изненадувањето што го приреди Верона со победа од 2-1 против Милан на премиерата од новата сезона во Серија А. Италијанското калчо во 82. издание почна токму со тој дуел, а новакот во таборот на Милан Андреа Поли со гол во 14 минута најави очекуван исход и победа на фаворитот. Сепак, Верона која по неколку години се врати во Серија А, не се предаде и со головите на Тони во 30 и 53 минута го сврте резултатот во своја корист и славеше слатка победа.

Вечерва во Џенова играат Сампдорија и шампионот Јувентус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top