| четврток, 6 декември 2018 |

Во НСА си ги следеле сопругите

spyАмериканските агенти во повеќе прилики ги користеле технолошките можности за следење и шпионирање на своите сопруги или партнери, признаваат функционери на НСА.

Ова не било често и се проценува дека имало неколку такви случаи во последните десет години. Сепак се архивирани доволно податоци во посебна фасцикла под називот ЛОВЕИНТ. Во неа се содржани најинтересните љубовни авантури на вработените во агенцијата која ги следи телефонските разговори и друга комуникација.

По откривањето дека НСА ја нарушил приватноста во 3.000 случаи во текот на една година, директорот за надзор Џон Делонг истакнал дека неколку од тие случаи биле намерни.

Шпионите кои ги следеле активностите на своите сопруги и партнери биле казнети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top