| четврток, 6 декември 2018 |

Фабрикант избегал сосе фабрика

Сопственик на италијанската компанија „Фирем“, Фабрицио Педрони, ги испратил работниците на колективен одмор и за тоа време го преместил производниот погон во Полска

firemПедрони на 2 август им посакал на вработените да уживаат на одмор и им рекол да се вратат на работа за три недели. Истата вечер тој, без да ги информира работниците, почнал да ги расклопува машините и да ги подготвува за транспорт за Полска.

Тој  поседува производна линија за електронски компоненти, со седиште во едно место близу до Модена, на северот на Италија.

– Ако им кажев дека сакам да се селам со производството, работниците ќе ја заземеа фабриката. Сакав мојата фабрика да продолжи да работи, но во Италија тоа веќе не е возможно. Не сакам поголем профит, сакам само „Фирем“ да опстане, изјавил Педрони, чија фабрика со години немала добивка и немало можност да се подобри состојбата. Преместувањето на производството во источна Европа било единствен спас за фирмата, која ја наследил од неговиот дедо.

Веста за преселба на фабриката работниците ја примиле со задоцнување од десет дена и тие околу 40  ги блокирале последните 20 камиони.Педрони вели дека добил и закани од работниците, но изјавил дека скоро не размислува за враќање во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top